Сиљановска-Давкова: Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

Од:

Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова.

Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“, Сиљановска-Давкова порача дека природата на војната рапидно се менува, а галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната.

Според неа, важноста на самоодржливста никогаш не била поголема.

-Во ова невреме треба час поскоро да почнеме, како што и почнавме, стратешки да ги планираме средствата и нивната употреба. Надлежните институции треба да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбиент на воена закана и потенцијален конфликт, порача претседателката.

Како што напомена, преку три децении Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината.

-По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елементарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање највисока доверба кај народот, рече Сиљановска-Давкова во обраќањето.

На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеници, министри, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, претставници од Сојузот на борците и од дипломатскиот кор. Построени беа и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери кои неодамна ги завршија школувањето и обуката, а претседателката Сињановска-Давкова го одликува Центарот за обука на питомци и офицери со Орден за воени заслуги.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна

Сиљановска Давкова: Постојат сомнежи дека дел од пожарите се намерно предизвикани

Горан Наумовски

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Сиљановска-Давкова: Со поткопувањето на стабилноста на Западниот Балкан се загрозува и стабилноста на Европа во целина

Сиљановска – Давкова: Неевропска македонска приказна нема да застане на нас

Мицкоски нема да оди на Самитот на НАТО во Хаг, таму ќе замине Сиљановска Давкова