Шведска не бара враќање на визите, туку воведување механизам за суспензија на визниот режим

Од:

Шведска силно го поддржува воведувањето на механизам за суспензија на постоечкиот сет на регулативи за безвизниот режим, но тоа не значи оти се залага за автоматско враќање на визите за граѓаните од Западен Балкан. Спротивно на извештаите во некои медиуми нема промени во шведската позиција во однос на ова прашање, наведува амбасадорот на Шведска во Македонија Ларс Вахлунд во денешната пишаната изјава до медиумите.

– Внатрешните случувања во Европската унија во однос на разгледувањето на текстот за овие механизми се уште се во тек и како што стојат работите текстот за механизмите е неутрално срочен и не се однесува директно на азилантскиот тренд од Западниот Балкан. Значајно е дека шведската поддршка за воведување на суспензија на механизмот не значи дека Шведска автоматски ќе биде за итна употреба и шведскиот министер се уште не се обратил (пишал) на неговите европски колеги, како што беше наведено во медиумите, изјави Вахлунд.

Шведската Влада, додава тој, е многу добро запозната со тоа колку е важен новиот безвизен режим за граѓаните и за земјите од Западен Балкан, но начинот на којшто оваа слобода се користи не е прифатлив.

Шведска е една од земјите-членки на ЕУ која што е најмногу погодена трендот на азиланти. Приближно 20.000 лица од регионот аплицирале за азил од почетокот на безвизниот режим во 2009 година. Шведска, наведува амбасадорот Вахлунд, е загрижена поради големиот број лица кои бараат азил од Западен Балкан, кои во принцип не добиваат ваков престој во земјата.

– Се надеваме дека оваа ситуација на Западен Балкан ќе се реши што е можно побргу со краткорочни и долгорочни мерки. Во однос на долгорочните мерки, би можеле да вклучуваат понатамошни напори за подобрување на социјалната состојба на заедниците и ранливите групи, вели амбасадорот на Шведска во Македонија, Ларс Вахлунд.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите