Шумскиот пожар заради засилениот ветар е потенцијална опасност за Галичник, предупреди ЦУК

Од:

Центарот за управување со кризи соопшти дека пожарот во Галичник е на непристапен терен и гори борова шума.

„Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење“, велат од ЦУК.

За состојбата, известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над селото Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Испратени се хеликоптер за гаснење пожар, екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

Од месната заедница Галичник, претходно соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“ и нема опасност за куќите.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице