Шукова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Од:

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош.

Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.

На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.

Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.

„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.

На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Би можело да ве интересира

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје, но и целосна ревитализација на постојните зелени површини

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад