Шукова: Имаме четири планови за климатски промени со климатски сценарија и нивните влијанија врз сектори

Од:

Адаптацијата кон климатските промени значи преземање акција за планирање и прилагодување на сегашните и очекуваните влијанија на климатските промени. Како држава имаме изработено четири национални комуникации/планови за климатски промени во кои детално се анализирани климатски сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори, со предложени мерки за ублажување на влијанијата во сите сектори.

Ова го истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, обраќајќи се на завршната конференција на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, во организација на Центарот за климатски промени.

– Воедно, Министерството го подготви предлог Законот за климатска акција, кој беше неколкупати предмет на јавна расправа во текот на 2023 година, а покрај донесувањето на правната рамка, ни претстои долгорочна соработка меѓу националните и особено локалните институции во делот на спроведување на мерките за прилагодување, академскиот сектор, како и меѓуресорска соработка – истакна Шукова, додавајќи дека на национално ниво, како мала земја ранлива од климатските промени, ќе посветиме посебни напори во донесувањето на долгоочекуваниот Национален план за адаптација, за чие идно спроведување ќе биде потребна дополнителна финансиска и техничка помош од донаторската заедница.

Директорoт на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рече дека ризиците поврзани со природни непогоди и кризните влијанија од процесите на климатските промени, за жал имаат нагорен тренд, се почесто се случуваат и предизвикуваат штети и последици по животната средина, материјалните добра на државата, а не ретко се причина и за последици по здравјето и животот на граѓаните.

– Водејќи се од тоа, ЦУК посветува посебно внимание на исполнување на своите законски надлежности во делот на изработка и ажурирање на процените за загрозеност на безбедноста на подрачјата на општините, градот Скопје и Републиката. Овие активности се спроведуваат во организирана и координирана соработка со сите субјекти од системот за управување со кризи, на локално и национално ниво, нагласи Ангелов.

Би можело да ве интересира

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје, но и целосна ревитализација на постојните зелени површини

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад