Шукова: 100 мурали за поубаво Скопје

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат.

„Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова.

Таа истакна дека многу јавни простори денес изгледаат запуштено, а ѕидовите се уништени со безлични и хаотични графити кои ја нарушуваат сликата на градот.

Проектот има за цел не само естетско разубавување на јавниот простор, туку и промовирање на културни и општествени вредности преку современа уметност.

„Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град“, нагласи Шукова.

Во рамки на проектот ќе бидат вклучени локални уметници и млади креативци, со што се отвора можност за поддршка на домашната уметничка сцена и активно граѓанско учество во разубавувањето на Скопје.

Шукова верува дека уметноста може да биде моќен алат за обединување и градење на одржлива и пријателска урбана средина.

„Заедно ќе го направиме Скопје поубаво место за живеење – град со кој секој ќе се гордее“, додаде Шукова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар

Горан Наумовски

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто