Вработените од печатницата Графички центар – Скопје од попладнево штрајкуваат поради неисплатени плати.
Оваа информација за А1он ја потврдија вработените кои велат дека често се случува да им доцнат платите и дека овој пат го прекинуваат печатењето.
Печатницата е дел од групацијата Медиа Принт Македонија, која ги издава дневните весниците Утрински, Вест и Дневник.
Новинарите од овие дневни весници штрајкуваа повеќе од еден месец за исто така неисплатени плати. Додека траеше штрајкот на новинарите во Медиа Принт Македонија влезе и Специјалното Јавно Обвинителство.