Лидерот на СДСМ објави разговор за кој рече дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер кој ја прашува за Миле Ристески од А1.
„Тоа добро човече беше ама западнат во лошо друштво. Да дојде кај тебе на баци рака па да го примиме.
Јас сакав да го примам кај мене, ама има средно школо има. Не е егзибиционист, башка слуша се што ќе му кажеш“.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер
МП: Ало? Горде, кај си?
ГЈ: Еј, Мартин.
МП: Кај си Горде?
ГЈ: Дома.
МП: Аа. А бе што мислиш ти за оној Миле Ристески?
ГЈ: Кој беше тој?
МП: Од А1 што беше, МВР следеше мислам.
ГЈ: Ааа, Миле. А бе тоа добро чоече беше да ти кажам.
МП: Добро човече?
ГЈ: Само мислам дека беше западнат у лошо друштво.
МП: Сега сака да дојде до кај тебе, да баци рака и да влезе во МТВ.
ГЈ: Па не, види. Јас да ти кажам искрено пред да ја спукаме со А1, размислував пошто ми требаше…
МП: Јас знам дека ти добро стоеше со него…
ГЈ: …портпарол за СВР Скопје и јас мислев да…
МП: А за портпарол си го планирала.
ГЈ: …да му понудам на него. Ама он има само средно школо…
МП: Ааа, да, да.
ГЈ: И знаеш, со средно кај мене треба 12.000…
МП: Дали ти одговара да е во МТВ?
ГЈ: Да бе да.
МП: Да!? Готово, ќе им јавам.
ГЈ: Да. Да, да, одговара, мислам добро човече е.
МП: Пошто тебе те следи…
ГЈ: Да, да, да, сосема е океј.
МП:…со него да си ја фатите.
ГЈ: И нормално, сега друга уредувачка политика.
МП: Да де да. Добро.
ГЈ: Али не е некој егзибиционист, башка слуша вака што ќе му кажеш.
МП: Добро.
ГЈ: Нормално, кога таква му е уредувачката политика. Така да е сосема океј човечето.
МП: Важи, важи Гоцо.
ГЈ: О.К. Ајде, фала ти. Чао.
МП: Чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и (соговорник) Марјан Цветковски
ГЈ: Ало
МЦ: Ало?
ГЈ: Ее, здраво Марјан…
МЦ: Здраво, у гужва да не си?
ГЈ: Не на работа, уше малку влада имаме, па да видам нешо да подзавршам…
МЦ: И ја у 5 треба… у 5 треба и ја да дојдам таму…
ГЈ: …да бе да да завршам дур не сум отидена…
МЦ: Така да, абе Мартин ми се јави ама не знаеше името да ми го каже за…
ГЈ: Абее, за спортски новинар Ир…сеа Ирена Андреевска ама не знам дали…
МЦ: Ама Ирена Андреевска порано работеше у телевизија она…
ГЈ: А, не работи више кај вас?
МЦ: Нее, Ирена Андреевска не работи у МТВ веќе 6-7 години, затоа шо јас ја знам у Агенција за млади и спорт коа бев…
ГЈ: Да бе да, па ја знам дека работеше у МТВ долго време и сеа начула негде…
МЦ: Аха…
ГЈ: …дека ќе примате и се јави, ја знаеш…мислам пријатели сме со сопругот…
МЦ: Не она не е тука… Не не е тука, она сега не знам каде е…
ГЈ: Епа не знам да ти кажам ја…
МЦ: Ај слободно дај и мој телефон нека ми се јави па ќе се видиме ние…
ГЈ: Важи, ајде
МЦ: Ќе се видам ја со неа
ГЈ: Јас пошо знаеш, мислам нас ни е фактички мажот и другар ептен добар на Влатко
МЦ: Ако бе ако…
ГЈ: …од школо и сеа се јави он вчера и викам абе да прашам сеа да видам…
МЦ: Нека се јави, нека се јави…
ГЈ: Важи океј, фала ти многу…
МЦ: Нема проблем
ГЈ: Океј, ајде се гледаме после, чао чао
МЦ: Чао…