Штипскиот универзитет одбележа шест години постоење

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска свечено одбележа шест години од своетот постоење. Ректорот Саша Митрев и проректорот Блажо Боев го отворија Научно-истражувачкиот центар во Кампус 2, каде се лоцирани техничките факултети.

Митрев истакна дека центарот е формиран од повеќе лаборатории од областа на техничките и биотехничките науки и фармацијата.

– Ова е на некој начин и никулецот на научно-истражувачкиот центар што имаме намера да го изградиме. Тоа е нова зграда од околу 4 .000 до 5.000 метри квадратни, во кој ќе го сместиме овој никулец, кој сега е на простор од околу 1.500 метри квадратни. Во новиот објект својата научно-истражувачка работа ќе ја вршат повеќе факултети и научници, рече Митрев.

По повод патрониот празник, на Штипскиот универзитет беше откриена и биста на Аристотел во кругот на Кампус 2. Проректорот на УГД Кирил Барабареев рече дека Аристотел е избран зашто цели две илјади години е најголем авторитет во науката и филозофијата и е основоположник на десетина науки.

– Еден од најумните и најучени Балканци, чиј клучен придонес на античкиот Балкан кон европската, светската наука и цивилизација е толку голем што повеќе нив ги прави балканско продолжение, отколку што Балканот го остава да биде само евопски или светски дел, оти тој го промовираше разумот, логосот во централен принцип и најважен критериум на човечкиот живот, рече Барабреев.

На свечената седница беа доделени и награди на четворица најдобри студенти, со просечна оценка 10, беа промовирани новите магистри и двајцата нови доктори на науки – Александар Крстев и Ферад Шаран.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование