Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип и Американскиот универзитет во Бугарија заеднички ќе аплицираат за проект на третиот повик за меѓугранична соработка. Васко Златковски од Земјоделскиот факултет при УГД-Штип вели дека двата тима веќе работат и во завршна фаза е потпишување на документите за проектот „Центар за обука за образование“.
Центарот ќе биде сместен во поранешното детско одмаралиште на планината „Плачковица“, а кое сега припаѓа на универзитетот „Гоце Делчев“.
– Тоа ќе биде место кое ќе се користи како конгресен центар, а и место каде ќе се организираат летни школи, семинари, работилници, од различни области. Тоа ќе биде уникатен објект во државава, бидејќи колку што знам, ниту еден од универзитетите во државава нема центар за практично образование, рече Златковски.
Тој додава дека штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и Амерканскиот универзитет во Бугарија веќе имале соработка при истражување во областа на економијата, а во кој биле вклучени над 200 студентите од македонска и бугарска страна.