Штипскиот универзитет ја одбележа неделата на роботиката

Од:

Студентите од Факултетот за информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ја одбележаа Европската недела на роботиката. По тој повод беше организирана презентација на роботи кои самите студенти и професори ги изработиле.

Според деканот на Факултетот за информатика, Владо Гичев настанот „Сретни ги роботите“ предизвикал голем интерес кај студентите. За студентите, нагласи, е корисно искуство, кое ќе ги мотивира да се запознаат подлабоко со природните науки, технологијата, инженерството и математиката и притоа да развијат одговорен пристап кон употребата на роботите во нашето општество.

Студентите имаа можност да видат роботи како играат фудбал, летаат и како се применуваат во секојдневието и во производството.

Професор Сашо Коцевски вели дека е задоволен што видел жар и љубов кај студентите и професорите за роботиката.

– Ние сакаме да дадеме импулс за понатамошен развој во оваа област и сето тоа сакаме да оди спонтано и природно. Имаме повеќе магистранти, професори и студенти кои работат во овие области. Тие проекти се од широк дијапазон од летечки, мобилни роботи со најразлични операции меѓу нив, вели Коцевски.

Тој додава дека роботиката е интересна и бара знаење, а за да се занимаваш со неа треба да се знае и математиката, физика и основни концепти од електрониката.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование