А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ активира електронска платформа за идните студенти

by А1он25/06/2020 - 15:36445
Share0

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ од 1 јули ја активира електронската платформа на којашто заинтересираните кандидати можат да се запознаат со факултетите на кои сакаат да студираат. Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев истакна дека годинава намален се квотите за запишување, вкупниот број на студенти кои можат да се примат на факултетите и академии е околу 3.080.

Добивај вести на вибер

-Како Универзитет сметаме дека за нас е таа доволна бројка и сметаме дека доколку ние оствариме, запишеме некаде околу 2.000 студенти во прва година за нас тоа ќе биде релативно голем успех. Сепак треба да спомениме дека оваа година е специфична по не само она што се случува на нашиот Универзитет, туку и на останатите во поглед на глобалната пандемија Ковид-19 и мислам дека тоа е предизвик за сите, вели Боев.

Тој истакна дека еден од предизвиците е и воведувањето на електронската платформа, која е и функционална за пријавување и упис на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

-Ние таа платформа ќе ја работиме цели два месеца до крајот на август, кога водејќи сметката за тоа што се случува и доколку условите бидат поприемчиви, да можат да се направат и некои физички запишувања на студентите. Сепак следејќи ја состојбата со пандемијата доколку има услови тоа ќе го направиме, а доколку немаме во тој случај запишувањето ќе биде он лајн, на платформите на УГД, кои се покажаа во овој момент исклучително успешни, рече Боев.

Најдобрите 300 средношколци, кои ќе се запишат на некој од факултетите и академиите на УГД-Штип ќе бидат ослободени од партиципација, односно универзитетот ги плаќа од нивен фонд.

Боев смета дека наставниот кадар и студентите изминатите месеци одлично се справиле со електронската настава, полагање на колоквиуми и испити.

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип покрај тоа што ги отвара вратите на сите студиски програми на факултетите и акдемиите во Штип, студентите ќе можат да се запишат и во дисперзираните центри во Струмица, Кавадарци и Скопје.

obrazovanie

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on05/05/2025 - 10:17

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Горан Наумовски20/03/2025 - 21:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен