Штипјанец ја истепал својата мајка, а потоа нападнал и полицаец

Од:

Вчера вечер во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода 38-годишниот Е.А. од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, велат од МВР.

– Потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, извести МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски