Штип го испрати Дуле

Од:

Обожавателите, колегите, пријателите, роднините, беа денеска во Штип да го испратат музичарот Душан Љубисављевиќ – Дуле.

Плачот на неговото семејство беше најгласен, а останатите со наведнати глави и тага во очите само немо присуствуваа.

Општина Штип денешниот ден го прогласи за ден на жалост. Знамето пред Општината е спуштено на половина копје а низ градот во кафулињата нема музика.

Сите жалат за Дуле кој беше познат лик низ кафулињата, каде што со години заедно со неговиот другар од дуото Коки, имаше вечерни настапи.

ФОТО: Телеграф

Би можело да ве интересира

Штип и најблиските ќе го испратат Дуле

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дуле ќе биде погребан утре во Штип

Ана Ололовска