Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку Панчевски се обидува го сруши изборниот процес

Од:

ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немјаќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Согласно Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат Уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку 6 месеци.

Кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа Барање за издавање на Уверение за неосудуваност од Основниот суд Скопје 1 Скопје им е закажано подигнување на Уверенијата на 15ти ноември 2016-та година!

Рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016-та!

Ваквото однесување на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот прцес.
Искуството од претходните избори покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час

За овој проблем, денес од страна на СДСМ денес се известени Државната изборна комисија и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија!

Исто така се обративме писмено и до претседателот до Основиони Суд Скопје 1 во Скопје.
Никола ти порачуваме, фер, слободни и демократски избори мора да има и ќе има. Во тоа нема да ти помогнат ниту слепите послушници кои станаа дел од твоето злосторничко здружување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ