Три основни и три средни училишта се избрани за најбезбедни и најчисти од страна на Министерството за образование и наука.
На јавниот повик што беше распишан во рамки на пилот проектот за најдобро училиште во насока на зголемување на безбедноста и хигиената, во конкуренција од 22 основни училишта избрани се ООУ „Св.Климент Охридски“ во село Драчево, ООУ „Кирил и Методиј“ во село Стојаково и ООУ „Св.Климент Охридски“ од Македонски Брод.
Од средните училишта, за најдобри во поглед на безбедноста и хигиената прогласени се три од вкупно пристигнати осум апликации. Избрани се СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица и СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.
Министерството за образование и наука денеска информираше дека изборот е извршен од страна на стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнатите апликации и увидот во училиштата.