Шест милиони евра за нов Драмски театар

Од:

Министерството за култура објави тендер за изградба на новата зграда на Драмскиот театар.

Новиот објект кој нема да биде во барок ќе се гради со јавно приватно партнерство како што е и наведено во огласот на министерството.

Проценетата вредност на договорот е 369.600.000 милиони денари или околу 6 милиони евра без вклучен ДДВ.

„Доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов објект на местото на постоечкиот Драмски театар во Скопје“.

Времетраење на договорот е три и пол години или 42 месеци.

Пред повеќе од една година, министерката за култура го најави проектот за изградба на нови згради за Драмски и за МНТ Центар.

„Очекувам и сум убедена дека оваа изградба ќе оди по моделот јавно приватно партнерство, но и доколку нешто е неостварливо ние го имаме проектот и државата може и според тој проект да го гради театарот на местото на Драмски театар”, рече Канческа Милевска.

Новата зграда на Дрaмски според деталниот урбанистички план треба да е висока 35 метри а вкупната површина на објектот е 33.543 метри квадратни.

Според министерството долниот дел од објектот ќе биде наменет за театарот додека горниот дел ќе биде наменет за деловни простории на приватниот партнер со површина од 12.710 метри квадратни.

Автори на идејното решение за објектот на Драмски театар се архитектите Емил Јагени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска.

Од министерството за култура пред една година соопштија дека се разгледуваат неколку модели за јавно приватно партнерство.

Едниот е преку продажба на земјиштето со услов приватниот партнер да го изгради целиот објект со тоа што државата ќе го користи театарот а останатите деловни простории инвеститорот.

Вториот модел е приватниот партнер да го изгради целиот објект а државата да му плаќа кирија. По целосната исплата театарот да премине во сопственост на државата.

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Никола Кимовски назначен за в.д директор на Македонскиот народен театар

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски