Шест членки на Европската Унија пред два дена побарале од европската комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстрем, Унијата до крајот на годинава да преземе мерки за суспензија на безвизниот режим, пренесува српски „Блиц“.
Ова барање се однесува на државите од Западен Балкан каде припаѓаат и Македонија и Србија.
Барањето е упатено со писмо на кое се потпишале Белгија, Луксембург, Шведска, Германија и Холандија. Овие држави не напишале експлицитно на кои држави од Западен Балкан се однесува ова барање, туку само се бара можност за суспензија за патувањата без визи на целиот простор на ЕУ. Сите шест земји во образложението напишале дека со месеци наназад имаат прилив на лажни азиланти од просторот на Западен Балкан и дека поради тоа мора да се преземат мерки.
Во Германија се погласни се барањата за суспензија на безвизниот режим. Германските медиуми бомбардираат со информации дека „експлодира“ бројот на српски и македонски азиланти во оваа земја.
Статистиката тоа го потврдува-во јануари имало 68 барања за азил од Србија, јануари оваа година 697, а само минатиот месец 1.395. Освен неколку покраински министри за внатрешни работи, реагираше и сојузниот министер Ханс Петер Фридрих, кој побара проверка на визната слобода за Србија и за Македонија.
Германските медиуми наведуваат дека азилантите и визната слобода за Србија и Македонија ќе бидат разгледувани на самитот на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ , на 25 октомври.