Шекеринска од Неапол: Веќе сме дел од семејството на Алијансата

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од носачот на авиони „Хари С. Труман“ преку објава на „Фејсбук“ порача – Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството.

„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.“, напиша Шекеринска на „Фејсбук“.

„Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО. Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството.“, наведе Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ