Шекеринска: Членството во НАТО станува реалност, Северна Македонија е добредојдена во најмоќниот воено – политички сојуз

Од:

На министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на Алијансата во Брисел и беа презентирани просториите каде што ќе биде сместена мисијата на нашата држава, како полноправна членка.

– Денеска имав прилика да бидам првиот претставник на нашата Влада кој што влезе во просториите кои НАТО – Алијансата ги подготви за својата 30. членка. Тоа покажува дека сите наши подготовки течат според планот и тоа покажува дека сме добредојдени во најмоќниот воено – политички сојуз, рекла министерката Шекеринска, соопшти денеска МО.

Шекеринска нагласила дека на средбите со министрите за одбрана на сите земји – членки на Алијансата во текот на дводневните состаноци можело да се слушне истата порака – очекувањето Северна Македонија што поскоро да стане полноправен член на НАТО што е вистинскиот чекор во вистинско време.

На сесијата на Северноатлантскиот совет, стои во соопштението, министерката Шекеринска упатила порака дека планот за одвојување на два проценти од бруто-домашниот производ за одбраната до 2024 година се реализира и оти во 2020 година следува уште едно зголемување на одбранбениот буџет.

– Република Северна Македонија е сериозен партнер кој што го испорачува тоа што ќе го најави и тоа што ќе го вети. Две години по ред го зголемувавме издвојувањето за одбраната и следната година, исто така, обезбедивме повисок буџет за нашата одбрана и за нашата Армија. На тој начин ќе имаме поголема безбедност, на тој начин ќе бидеме прифатени како земја чиј што збор навистина важи. Ние сме НАТО и навистина во следните месеци очекуваме остварување на овој стратешки сон и цел на неколку генерации, посочила министерката.

На сесијата посветена на мисијата „Одлучна поддршка“, Шекеринска потенцирала дека земјата останува посветена на демократизацијата, безбедноста и мирот во Авганистан и оти припадниците на Армијата ќе продолжат да придонесуваат во оваа мисија во која учествуваме од самиот почеток на првата НАТО – мисија, ИСАФ, во 2002 година.

На маргините на Северноатлантскиот совет, продолжиле билатералните средби со министрите од земјите – членки на Алијансата. Денеска, соопшти МО, министерката Шекеринска се сретнала и со италијанскиот министер за одбрана, Лоренцо Гуерини, како и со министерот за одбрана на Австрија, Томас Старлингер.

На средбата со својот италијански колега, министерката Шекеринска се заблагодарила за постојаната поддршка во исполнувањето на двете стратешки цели – членството во НАТО и во Европската Унија. Додала дека местото на Западниот Балкан е во Унијата и за тоа нема алтернатива. Министерот Гуерини истакнал дека Италија жали за заклучоците на Советот на Унијата, што е причина и за италијанската иницијатива да се надмине оваа грешка и да започнат преговорите.

– Република Северна Македонија од консумент стана извозник на безбедноста, рекол Гуерини на средбата.

Со австрискиот министер за одбрана, Старлингер, министерката Шекеринска разговарала за билатералната одбранбена соработка, како и за потребата од отворање на пристапните преговори со Унијата, процес кој доби силна поддршка од австриското претседателство со ЕУ во втората половина на минатата година.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО