Шангајска листа: Нема универзитет од Македонија меѓу најдобрите петстотини

Од:

Првите десет места на престижната Шангајската листа која беше објавена изутрина се резервирани за осум универзитети од САД и два од Британија.

Во најновото рангирање најдобар светски универзитет веќе 14 години по ред е Харвард, потоа следуваат Станфорд, Беркли, Кембриџ, МИТ, Принстон, Оксфорд, Калифорнија Тех, Колумбија и Универзитетот Чикаго.

Од регионот највисоко котира Универзитетот во Белград кој според најновото рангирање се пласира помеѓу 201 и 300 место.

Следуваат уште и Универзитетот во Љубљана кој се наоѓа помеѓу 401 и 500 место, исто како и Загрепскиот универзитет.

Шангајската листа секоја година ја објавува Универзитетот Циао Тонг од Шангај и е една од највлијателните во светот.

Клучни критериуми за рангирањето се бројот на објавени научни трудови во меѓународните списанија, цитираноста, бројот на добитници на Нобелова награда и Филдсови медали на сите кои учеле на одреден универзитет или таму работат.

Шангајската листа опфаќа само 2 проценти од светските универзитети.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование