Семејството Зафировски има долг за струја од 531.922 денари

Од:

Дедото Веле и бабата Станка Зафировски кои се грижат за близнаците напуштени од родителите имаат долг за струја од вкупно 531.922 денари. Тие последен пат сметка за електрична енергија платиле во 1992 година и без струја се полни 25 години.

Дел од неплатената електрична енергија е користена и од страна на братот на Веле кој долг период не ги плаќал сметките кои пристигнувале додека Веле бил надвор од државата. Откако се вратил назад во својот дом, дедото на Тео и Тони не бил во можност да го отплати долгот, па од тогаш наваму се без струја. Доколку долгот од пола милион денари не биде отплатен, на импровизираната врата на Зафировски ќе се затропаат извршителите.

Покрај топлата облека, храната и апаратите за домаќинство, Зафировски добија и печка за греење, но се уште не можат да ја користат. Засега тие се греат на распаднатиот шпорет кој едвај функционира и прашање на време е кога целосно ќе откаже.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Близнаците Тео и Тони новата година ја дочекаа во темница: Сега е добро, во 2018 да биде подобро

Ана Ололовска

Дедото на близнаците Тео и Тони од 1. јануари започнува со работа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Донациите за Тео и Тони пристигнуваат, но уште се без тоалет и струја

Наум Локоски