Семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ денеска повторно на протест, ја одбија поканата од премиерот за средба

Од:

Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.

„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.

Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.

Семејствата на на настрадените денеска повторно ќе излезат на протест кој е закажан за во 16.05 часот во Кочани.

„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он

(ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со трагедијата во Кочани

ВИДЕО: За да потсети на голготата на настраданите во Кочани, момче се залепи за бандера во Скопје

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе одат и на меѓународни судови за да добијат вистинска правда

Немам пристисоци за истрагата за Кочани тврди обвинителот Коцевски, најавува обвиненија следниот месец