Секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно

Од:

Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации.

Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението.

– Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Тој посочува дека во просек на еден млад човек му се потребни околу две и пол години за да најде работа по завршување на образованието.

Граѓанските организации сметаат дека треба да се почитуваат и веќе постоечките стратегии и документи бидејќи постои Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни стручни кадри за периодот 2013-2020 година, но за неа има изработено само еден акциски план за 2014 година.

– Според нас тоа не е соодветно и во наредниот период ќе работиме на анализа на оваа стратегија и ќе дадеме предлог да изработиме акциски план, вели Јованов.

Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.

Мрежата за спречување на одлив на мозоци следниот вторник организира панел дискусија за тоа што прават институциите за да го спречат одливот на млади луѓе од државата. На трибината најавуваат присуство на директорите на агенцијата за млади и спорт и за иселеништво.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска