Седум нови индустриски зони во следните месеци

Од:

Планираме изградба на уште седум слободни економски индустриски зони и тоа ни е зацртано во Програмата. Подоготовките за дел од нив се при крај до почетокот на номеври ќе поне изградбата на економските зони во Кичево, Прилеп, Гевгелија и Струга, а најдоцна до април следната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце.

Ова го најави премиерот Никола Груевски во одговор на прашањето дали по последниот бран на странски инвестиции Владата планира отворање на нови зони и дали се размислува за дисперзија на зоните на целата територија на Македонија, по промоцијата на нови 20 наслови на книги од различни области од проектот „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ во Читалната „1.000 книги“, во Градскиот трговски центар во Скопје.

„Нема да останеме само на зоните во Скопје, Штип и Тетово. Се обидуваме да ги дисперзираме слободните економски индустриски зони колку што е во наша моќ, но се разбира дека конечниот збор го имаат инвеститорите, компаниите и сопствениците кои инвестираат пари“, рече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски