• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Седум македонски студенти ќе студираат во Словачка

by А1он15/08/2013 - 14:25135
Share0

Седум македонски студенти денеска добија решенија за стипендии со кои имаат можност да се школуваат во високо образовните установи во Словачка.

Добивај вести на вибер

Четири од студентите добија целосни стипендии за прв и втор циклус на студии заедно со вклучена едногодишна програма за изучување на словачкиот јазик. Останатите тројца студенти добија стипендии за курсеви по словачки јазик, како и подготвителен курс за полагање на квалификациски приемни испити на Униврзитетот „Комениус“ во Братислава.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, истакна дека Македонија досега има воспоставена билатерална соработка со 30 земји, меѓу кои и со Владата на Словачка.

Амбасадорот на Словачка во Македонија, Роберт Кирнаг, објасни дека секоја година се нудат стипендии за мобилност во мај и октомври, што значи дека запишаните студенти во Македонија после својот престој во Словачка го продолжуваат своето образование во Македонија. Македонските студенти во јавните универзитети во Словачка може да студираат под исти услови како словачките, односно без плаќање на школарина, посочи Кирнаг.

На прес конференцијата беше објавено дека се превземени активности и започнати преговори со гимназијата „Орце Николов“ за да се воведат курсеви по словачки јазик за идните студенти повеќе познавања.

Темјана Поповска

obrazovanie

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен