Седум дена жалост за жртвите во кочанската трагедија

Од:

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје.

Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа.

– Секој да се придржува до одлуката бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на Министерството за огромната несреќа која се случи, соопшти владината прес-служба.

Сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на оваа недела се откажуваат, информира Министерството за култура и туризам. Откажани се и сите спортски настани.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера преку соопштение им укажа на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски