Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница изрази сомнеж за членови од Законот за судска служба и Законот за административни службеници.

Судиите изразија сомнеж за членот 144 од Законот за судска служба, според кој вработениот судски службеник заклучно со денот на примената на  овој закон треба да достави докази за познавање странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење соодветни на неговото работно место на кое биле распоредени на денот со отпочнување со примена на овој закон, во рок од една година од денот на пристапување на РМ во ЕУ.

Судскиот службеник кој нема да достави докази за познавање странски јазик и работа со компјутери, како што предвидува законската одредба, ќе биде распореден на работно место за една категорија пониско.

Судот изрази сомнеж за овој член од Законот за судска служба, бидејќи овој услов од судскиот службеник не се барал во времето кога се вработувал, туку отпосле.

На денешната седница Судот изрази сомнеж и за две одредби од Законот за административни службеници, со кои е предвидено доколку надлежните органи утврдат вина на кандидатот за доставување лажни докази (фалсификати, погрешни документи) тие се должни во рок од 30 дена да ја известат Агенцијата за административни службеници, при што кандидатот се евидентира во Агенцијата и неможе да се вработи како административен службеник во период од 10 години од денот на неговото евидентирање. Доколку пак надлежните органи не утврдат вина на кандидатот за доставување лажни докази должни се во рок од 30 дена да ја известат Агенцијата, при што кандидатот се брише од евиденцијата на Агенцијата и има право да се пријави на следните јавни огласи.

Според Судот, оваа законска одредба е проблематична од уставен аспект поради што изрази сомнеж.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска