Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на член 51, став 1 во делот 2 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.

Оваа законска одредба предвидува лицата кои се стекнале со лиценца за вршење на застапување во царинските постапки до денот на влегувањето во сила на овој закон (до 2014 г.) се должни во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон да ги исполнат условите од член 7, став 2 и став 3 од истиот закон и да поднесат барање до Царинската управа за издавање на лиценца согласно овој закон.

Оспорениот став 1 во делот 2 од оваа законска одредба предвидува на лицата кои нема да постапат согласно став (1) на овој член ќе им престане важноста на издадената лиценца и ќе треба во рок од осум дена од истекот на рокот од став 1 на овој член да ја врати издадената идентификациска картичка (легитимација на лиценциран застапник).

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на делот: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен“ од членот 84, став 3 од Законот за култура.

На денешната седница судиите не поведоа постапка по иницијативата поднесена на одредби од Законот за дополнување на Законот за високото образование од 2013 година, како и по иницијативата поднесена на член 74 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска