Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативата поднесена на Законот за медијација во целина.

Подносителот на иницијативата, адвокат од Скопје, го оспорува Законот бидејќи смета дека тој бил процесен закон и не е во согласност со Уставот, затоа што не бил донесен со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Според подносителот на иницијативата, медијацијата се меша во судското работење, а напротив, како што велат од Судот медијацијата е начело на економичност, наместо да се создаваат долгогодишни судски постапки ако се најде некоја средина медијаторски ќе се реши работата.

Судот не ја разгледа иницијативата поднесена на членови од Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика на РМ, кои се однесуваат на плаќањето парно греење од страна на исклучените корисници. Иницијативата не е разгледана, бидејќи за тоа е веќе решавано.

На седницата е отфрлена иницијативата поднесена на член 97, став 3 и член 98 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска