Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница разгледа иницијативи за оценување на уставноста на шест закони и една одлука.
Судиите не поведоа постапка за член 137 став 1 точки 4, 5, 6, 7 и 12 од Законот за авторското право и сродните права и член 74, став 3 од Законот за прекршоците.
Постапка не е поведена и за член 104 од Законот за безбедност на храна на животните, член 9 ставови 4 и 5 од Законот за спортска академија и член 2 од Одлуката за измена и допонување на Одлуката за комунален ред на Општина Гевгелија.
На денешната седница беше отфрлена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 29, став 28 од Законот за спречување судир на интереси и член 8 од Методологијата за пресметка на цените на пресметковните елементи по кои производителот на електрична енергија ја испорачува електричната енергија на снабдувачот на електрична енергија за тарифни потрошувачи и снабдувачот во краен случај со електрична енергија.