Седница на Советот на Источниот плански регион во Делчево

Од:

Источно-планскиот регион оваа година од Швајцарската Конфедерација ќе има на располагање 100 илјади швајцарски франци за инфраструктурни и меки проекти.

Градоначалниците од сите 11 општини од регионот на 4. Седница на Советот на ИП, која се одржува денеска во Делчево треба да донесат одлуки за проектите со кои ќе се аплицира по овој повик.

Драгица Здравевска, директор на Центарот на ИПР истакна дека отворен е повик на Швајцарската Конфедерација е за аплицирање на сите osum регионални центри кои треба да добијат одлуки од своите совети за јавниот повик за грантови на инфраструктурни меки проекти кои се во програмата за одржлив и рамномерен регионален развој финансиран преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Конфередариција.

– Во прашање се над 800 илјади швајцарски франци, кои се делат согласно со коефициентот на развиеност, а за нашиот регион ќе имаме 1.000 франци. Тоа е доста значајна одлука која денес ќе ја донесат градоначалниците. Исто така, интензивно работиме и да ги искористиме повиците од ИПА програмата за прекугранична соработка кој завршува на 19 мај. Преку Бирото за регионален развој имаме 22, 5 милиони денари, а веќе е аплицирано со четири проекти, и тоа, изградба на детска градинка во Штип, пешачки мост во Делчево, проект за изработка на техничка документација за енергетски ефикасни објекти во 11 општини, изградба на пат во индустриска зона во Пехчево, истакна Здравевска.

Претстадетлот на Советот на ИПР, Николчо Илијев потенцираше дека сите општини, но и Советот на ИПР, се подготвени да одговорат на јавните повици.

– Се отвораат можности проектите кои подолги време ги подготвуваме да добијат реализација и во Истокот да има едно раздвижување, рече Илијев.

За градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево интеназивно работи на изготвување проекти со цел општината да биде подготвена да аплицира на секој повик.

– Општина Делчево се подготвува со проекти за да може да аплицира на повиците. Проектот за изградба на пешачки мост, што е одобрен преку ИПР е предаден, а Делчево во партнерство со Општина Благоевград подготвува проект и за регулација на коритото на река Брегалница во централниот дел на градот со кој ќе се аплицира на повикот за прекугранична соработка од ИПА програмата, рече Трајковски.

Освен за проектите, градоначалниците расправаа и го усвоија Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2017 година и Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он