Од сендвичарницата „Седмица“ испратија резултати од како што велат тестираните примероци во Центарот за јавно здравје спроед кои ги исполнуваат микробиолошките критериуми за храната.
Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не може да го занемариме и фактот дека сѐ ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус.
Поради превентивна мерка Државниот санитарен инспекторат издаде решение за привремено затворање на објектот до стигнување на резултатите, што ние драго го прифативме пред сѐ поради безбедноста на нашите потрошувачи. Кога после 4 дена сликата е конкретно јасна, очекуваме Сендвичара 7 – Карпош набрзо да биде отворена, откако ќе заврши процедуралната постапка на Државниот санитарен инспекторат“, се наведува во соопштението од сендвичарницата.