Седма жртва на грип сезонава

Од:

Шеесет и петгодишна жена е седма жртва на грипoт сезонава. Како што информираат од Инфективната клиника кај починатата е потврдено присуство на вирусот од типот А (Х1Н1).

Починатата со тешка билатерална бронхопневмонија, спаѓала во ризична група пациенти, со претходни срцеви заболувања и хипертензија. Била хоспитализирана на 21-ви овој месец, во тешка општа состојба со масивна бронхопневмонија и лекувана е во единицата за интензивна нега, каде биле преземени сите мерки за лекување критично болен пациент. Но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, денеска состојбата и се влошила и констатирана е смрт.

На Инфективната клиника, дневно има околу сто амбулантски прегледи, а во моментов еден пациент е хоспитализиран на одделот за интензивно лекување.

Во последната недела, односно од 18 до 24 февруари е забележан зголемен број на заболени од грип. Регистрирани се 2.959 лица со симптоми на грип, што е зголемување од 12,5 проценти во оснос на претходната седмица.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип