Се урнa семејна куќа во село Горни Подлог

Од:

 Од поројните дождови и надојдените води во кочанското село Горни Подлог се урна семејната куќа на Елена и Јордан Јорданови. Јорданови ноќта ја поминале кај соседите  заедно со своите две малолетни деца.

Во посета на Јорданови денеска беа претставници од Општина Кочани кои ја согледаа фактичката состојба и ветија материјална помош за да се обнови скромната куќарка на Јорданови од Горни Подлог,

– На семејството Јорданови му дониравме пакет храна и хигиенски пакет, а наши стручни лица направија скенирање на состојбата на урнатата куќа, при што со материјална помош ќе придонесеме истата да се обнови, изјави Аника Илијеска Горгиева, раководител на секторот за социјална заштита во Општина Кочани.

Семејството Јорданови денеска го посетија и активисти на Општинската организација на Црвен крст од Кочани кои им донираа пакет со прехранбени артикли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он