Целосно се урна браната во Слатино вчера попладне, јавија охридските локални медиуми.
Можните негативни последици го загрижуваат локалното населени, бидејќи станува збор за големо количество акумулирана вода, која сега се излева преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле до реката Сатеска.
Оваа брана последен пат попушти во јануари 2011 година, поради што земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри.
Браната е изградена во 1963 година, а се наоѓа во атарот на селото Слатино, на околу 35 километри од Охрид.
Елена Георгиевска