Се судрија автомобил и камион во Кисела Вода, настрада 19 годишна девојка која поминуваше во близина

Од:

МВР информира дека синоќа во 21:15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.К.(60) од Скопје.

Околу 17:00 часот на ул. „Димо Хаџи Димов“ се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.К. и товарно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(31) од с. Морани, општина Студеничани, по што била удрена и 19-годишната А.С.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби пешакот А.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобиле возачот Е.Е. и неговите сопатници К.К.(30) и М.Е.(19), двајцата од с.Морани, констатирани во Градcка општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа, а по преземени мерки Б.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он