Се спушта завесата на „Охридско лето“

Од:

Со вечерашниот концерт на италијанските уметници Енрико Диндо на виолончело и Моника Катароски на пијано ќе биде спуштена завесата на 52. издание на Фестивалот „Охридско лето“, најголемата музичко–сценска манифестација во земјата.

Енрико Диндо, кој ја има честа да ја заокружи фестивалската возбуда наречена „Охридско лето“ е истакнат италијански мајстор на виолончело.

На вечерашниот концерт што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе бидат изведувани познати дела на Шуберт, Капустин и Шостакович.

Изминатите 40 дена на сцените на Антички, Света Софија, предворјето на Света Софија, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и кај Заливот на Коските, продефилираа бројни познати имиња од домашната и светската музичка и драмска сцена, целовечерни концерти за паметење со ексклузивни гости и уметници.

Печат на ова 52-ро фестивалско издание ќе остават настапите на Мишел Камино, Пол Мејер, „2ЦЕЛЛОС“, Перпетум Џезиле“, „Леб и Сол“, и дел од деветте театарски претстави што беа на програмата на „Охридско лето“, од кои дури пет беа премиерни изведби.

Богатата фестивалската програма само го потврдува епитетот што го носи „Охридско лето“ како најзначајна културна манифестацијата во Македонија, која преку своето долгогодишно опстојување и квалитет се врежа во светската мапа на културни манифестации.

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ