Се санираат градските улици во Велес

Од:

Градежни екипи интензивно ги подготвуваат главните градски улици во Велес за нивно санирање, по што ќе следи и нивно санирање со асфалт односно популарно нареченото крпење на улиците, информира денеска градоначалникот Славчо Чадиев,

– За петнаесетина дена ќе започне и асфалтирањето, за што на тендер е избрана фирмата „Гранит“. Воедно оваа фирма ќе изврши и целосно санирање и асфалтирање на делот од патниот правец на влезот во Велес кај Башино Село односно на потегот од излезот на автопатот, а се’ до мостот на Вардар. Овој дел од патот поради обилните врнежи од дожд зимава е сериозно оштетен, па одлучивме затоа итно да се санира,потенцира Чадиев.

Во Велес се врши и одбележување односно обновување со нова боја на пешачките премини и другата патна сигнализација долж градските улици и сообраќајници.

– Фирмата која есента беше ангажирана за одбележување на градските улици е должна согласно договорот, да ја повтори постапката и повторнода ги одбележи улиците, информира Чадиев.

Тој посочи дека интензивно се работи и на проектот за нов кружен тек во новиот дел на Велес кај „Авона“, а кој треба да биде изграден годинава.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес