Со поддршка од Министерството за култура во тек е реализацијата на проектот за отворање галерија на икони во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штипско.
Во согласност со проектот кој се одвива во неколку фази, соопшти Министерството за култура, во целост е завршена конзервацијата на 35 икони кои се дел од богатиот фонд на икони со кои располага црквата.
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип, како што се наведува, оваа година интензивно работат на конзервацијата и реставрацијата на уште 30 икони кои се дел од вредната колекција на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Заштитата на ова вредно културно наследство ќе продолжи и со конзервација и реставрација на дел од црковните предмети кои биле употребувани за одржување литургија, како и со конзервација на северниот и на јужниот иконостас.
За следната година планирана е конзервација на уште 25 икони и метални предмети кои ќе бидат во функција на галеријата на икони „Успение на Пресвета Богородица“, како и реализација на конзерваторско-
Црквата „Успение на Пресвета Богородица” – Ново Село, Штип, е изградена во 1850 година од градителот Андреја Дамјанов и неговата тајфа и претставува трикорабна базилика со пространи галерии на катот.