Се реновирана црквата „Св.Атанасиј“ во Неготино

Од:

Во Неготино во тек е реновирањето на  црквата „Свети Атанасиј” која постои од 1837 година. Реновиран е внатрешниот дел, сменети се прозорците и фасадата, а во моментот се цртаат фреските. Ќе се постави и нов иконостас кој е во изработка.

– Со благослов на неговото високо преосвештенство-митрополитот Повардарски господин Агатангел,  после повеќе од 3 децении комплетно се реконстриура црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино. Работите започнаа во мај и   се одвиваат со финансиски средства обезбедени од Повардарската епархија, донации од фирми и граѓани, вели отец Сарафче Иванов.

Отец Иванов појаснува дека досега се завршени работите на надворешниот дел и тоа комплетно е променета кровната конструкција со поставена изолација, поставена е нова фасада на целиот објект,  заменета е и  целата столарија. Во вантрешниот дел, информира, извршено е малтерисување и глетување, заменета е старата и дотраена и поставена нова електрична инсталација, поставено е  и парно греење. Фрескоживопишувањето  го изведуваат зоографи од тајфата Александарски од Велес.

Комплетното внатрешно и надворешно реновирање се очекува да заврши крајот на годинава, а дотогаш богослужбите ќе се извршуваат во манастирот „Свети Ѓорѓи“.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски