ОЈО: Се расветлуваат нередите во Собранието на Република Македонија

Од:

„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ.

До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува.

Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем број лица, припадници на полицијата.

Сослушувањата кои се во тек ќе продолжат во функција на целосно документирање на кривично-правните настани во Собранието на РМ.

За натамошните постапувања на надлежен јавен обвинител по пријавата и донесените јавнообвинителски одлуки, дополнително во текот на денешниот ден јавноста ќе биде информирана“ се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он