Се продлабочува соработката во образованието со Албанија и Косово

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска потпиша Договор за соработка во областа на образованието и науката со министерот за образование и спорт на Албанија, Линдита Никола и со министерот за образование и технологија на Косово, Арсим Бајрами.

Договорот, како што соопшти МОН, е потпишан во рамки на четвртиот министерски состанок „Платформа за образование и обука на Западен Балкан“ кој се одржува во Валона, Албанија, организиран од Европската комисија, каде учествуваат министрите за образование од земјите од регионот.

Министерот Адеми по потпишувањето истакна дека со овој договор се продлабочува соработката во областа на образованието и науката со Република Албанија и со Република Косово.

– Од голема важност е потпишувањето на овој договор во рамките на министерскиот состанок на земјите од регионот, каде што ние како две држави изразуваме желба и интерес за понатамошна соработка. Договорот ја опфаќа соработката во областа на образованието и науката, кои се движат во насока на размена на искуства помеѓу двете држави, продлабочување на соработката во размена на литература, но и можноста за заедничка соработка на институциите на нашите земји со цел да се искористат европските проекти кои се важни за развој на образованието и научните истражувања, истакна министерот Адеми по потпишувањето на договорот со министерот за образование на Република Косово, Арсим Бајрами.

Министерот Бајрами истакна дека со овој договор ќе се интензивира соработката во областа на образованието со Република Македонија. – За Косово потпишувањето на договорот е од голема важност бидејќи за прв пат се потпишува еден ваков договор со Република Македонија, рече тој.

Во рамките на четвртиот министерски состанок во Валона, министерот Адеми оствари и билатерална средба со директорот на Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија, Хавиер Пратс Моне.

На овој состанок, македонската делегација предводена од министерот Адеми го презентираше напредокот на земјата за имплементација на Стратегијата за иновации, стратегијата за стручно образование, концептот за неформално образование и имплементација на Програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт ЕРАЗМУС ПЛУС.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование