Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Од:

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ и Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВРЕДИ.

Вечерва, со средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана.

„На средбата на која покрај Лабудовиќ присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ Изет Меџити со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, како и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ.

Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати.

Станува збор за подобрување на основните услови за живеење и подигнување на едно ново ниво погоре во нивното секојдневние – работи кои веќе се предвидени во програмата на Мирослав Лабудовиќ .

Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВРЕДИ, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски. Партнерската соработка на централно ниво – која успешно функционира веќе година и половина, се пресликува и на локално – за доброто на граѓаните, велат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Заедно можеме да го вратиме лицето на Центар, такво какво што заслужува

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Лабудовиќ: Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Со Бујар Дулови и еснафот имаме јасен концепт – ја враќаме енергијата и животот во Старата скопска чаршија