Се одржа Националното првенство во дебата

Од:

Најдобите дебатери дискутираа за достапноста на академските дела и хактивизмот

Денеска во Скопје во средното училиште Орце Николов се одржа финалната дебата од Националното дебатно првенство во организација на Младински образовен форум (МОФ).

Во финалната дебата ставовите го соочија двата најдобри дебатни тимови на национално ниво и врз база на нивната аргументација, логика и тимски настап, панел од судии го одбра победникот на Националното дебатно првенство. Темите на кои се дебатираше во изминатиот период беа:

„Универзитетите треба да дозволат сите академски трудови кои ги продуцираат, вклучувајќи научни статии, учебници и снимени предавања да бидат достапни за пошироката јавност“, која и беше темата на финалната дебата и втората тема:

„Користењето на илегални дигитални алатки алатки кои се користат за политички цели треба да бидат декриминализира“.

На финалниот настан пред почетокот на самата дебата вовед во темата даде Новица Наков, активист од Слободен софтвер Македонија, со порака дека библиотеките се светилиште на знаењето и дека прашањето не е дали тоа треба или не треба да им биде достапно на сите, туку како да го направиме подостапно и поотворено.

Во финалната дебата дебатираа тимот составен од Филип Бујаровски, Петар Ивановски и Вероника Рајчин како тим кој ја поддржува тезата и тимот составен од Сара Миленковска, Давид Павловски и Вилдан Дрпљанин како тим кој ја негира тезата.

Дискусиите во финалната дебата, а и во текот на целиот турнир ги предизвикуваа потребата од слободен пристап кон информации на сите граѓани наспроти интелектуалните права и сопственост на креаторите. Во финалната дебата афирмативниот тим го застапуваше гледиштето дека сите информации треба да бидат слободни, бидејќи на тој начин овозможуваме максимален продор на знаење кон сите, без зависност од нивниот економски статус и место на живеење и дека вака ќе придонесеме кон унапредување на работата на истражувачите низ достапност на сите информации, материјали и искуства. Негацискиот тим говореше за почитување на правата на интелектуалната соственост како предлуслов на секоја демократија и дека тоа помага за да се гради конкуренција помеѓу истражувачите, но и дека квалитет се постигнува само кога се практикува компетитивноста.

Симона Сарафиновска, Филип Бујаровски и Петар Ивановски беа прогласени за најдобри говорници на турнирот и ќе го претставуваат Младински образовен форум на Светското дебатно првенство во дебата, кое ќе се одржи во летово во Ирска.

Националното дебатно првенство има за цел да промовира младинска компетитивност базирана на организирана и аргументирана дискусија. На финалната дебата и претходеа квалификациски турнири во 4 градови во Македонија на кои учествуваа повеќе од 140 дебатери и низ кои беа одбрани најдобрите тимови кои ќе се натпреваруваа во свеченото финале. Националното дебатно првенство вклучувајќи ги Регионалните турнири се овозможени од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ