Невладината организација „Еко свест“ денеска ги замени садниците на градското дрво кое служи за прочистување на воздухот во Тетово, а кои беа оштетени изминативе неколку месеци.
– На одредени места каде што недостасуваат садници ние обезбедивме, но не исти како што беа поставени претходно, туку слични на нив, но и тие ќе ја вршат истата функција за прочистување на воздухот. Исто така извршивме и проверка на градското дрво и начинот на неговото наводнување. Сме во контакт со Општина Тетово и сме незадоволни од нив како го одржуваат ова дрво. Од овде упатувам апел до тетовци да не ги корнат садниците на градското дрво затоа што со садниците не може да извршат прочистување на своите домови. Садниците во содејство со целиот инсталациski систем го прочистува воздухот, а самите садници ако се откорнат немаат ефект во прочистување на воздухот, изјави Ана Чоловиќ Лешовски, претседател на НВО „Еко свест“.
За дополнителна заштита на градското дрво од негово уништување од „Еко свест“ на дрвото кое е во форма на билборд поставија дополнителна заштитна мрежа.