Се намалил бројот на дипломирани студенти на додипломски студии

Од:

Во минатата година со диплома на додипломски студии на универзитетите во земјата се здобиле вкупно 7698 лица, од нив диплома од државните универзитети добиле 6204 лица, а од приватните 1472 лица. Лани е забележан пад на бројот на дипломирани лица за 10 отсто во однос на 2017 година. Најбројни биле оние што добиле дипломи на Економскиот факултет во Скопје 662.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупниот број дипломирани студенти, 87 отсто се редовни, а 13 отсто се вонредни студенти. Повеќе од половината или 58,9 отсто се жени и поголемиот дел односно 66,4 отсто дипломираат по рокот.

Најмногу дипломи се стекнати на Скопскиот универзитет 3194, на Тетовскиот 1174, Штипскиот 949, Битолскиот 744, Охридскиот 51 диплома.

Од приватните универзитети најмногу дипломирани излегле од Универзитетот на ЈИЕ во Тетово 361, Меѓунродниот славјански институт 259, потоа Европскиот универзитет 157, Американ колеџ 139, Меѓународниот балкански универзитет 126, ФОН 111, по 75 дипломирани имало на Еуро колеџ Куманово и МИТ, 39 на ЕФТА, 38 на Факултетот за бизнис и економија Скопје и 34 на Меѓународнито универзитет „Визион“ – Готивар.

На верските факултетити дипломирале 22 лица од кои седум на Богословскиот и 15 на Факултетот за исламски науки.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето