Се менуваат старите улични светилки со штедливи во Делчево

Од:

Во Делчево се заменуваат уличните живини светилки со штедливи ЛЕД- диоди на 20-ина улици во градот и во 7 села во општината. Како што информира Тони Стоименовски, советник за ЛЕР од Општина Делчево, предвидено е да се заменат 760 живини светилки со штедливи ЛЕД диоди, од кои 600 диоди од 28 W, 110 диоди од 60 W и 50 W диоди од 100 W.

– Ќе се менуваат живините светилки на улици во населбите Ново Делчево, Прв реон, Втори реон,Трети реон, Стар расадник и Милково Брдо, додека со проектот се опфатени селата Разловци, с. Вирче, с. Габрово, с.Звегор, с. Стамер, с. Град, с. Тработивиште. Со оваа активност е предвидено до крајот на 2017г. да се заврши со замената на светилките, а уличното осветлување на општината да биде целосно енергетски ефикасно со драстично зголемени заштеди кои потоа ќе се реинвестираат во набавка на нови светилки и Делчево со јавно штедливо осветлување ќе биде покриено 80 отсто, истакна Стоименовски.

Замената на живините улични светилки со штедливи ЛЕД диоди е во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево” партнерски проект меѓу Општина Делчево и Општина Благоевград. Проектот е финансиран од ЕУ и од владите на двете држави.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание