Се крева завесата на „Струшките вечери на поезијата“

Од:

Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте и традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата, денеска во Струга почнуваат 51. Струшки вечери на поезијата.

Поетскиот фестивал свечено ќе биде отворен пред Домот на поезијата по што ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, а потоа следува претставувањето на Франсоа – Ксавие Мегр од Франција, добитник на наградата на УНЕСКО и СВП за најдобар млад поет.

На поетскиот фестивал во Струга што ќе трае до 28 август учествуваат 60-тина странски и исто толку домашни поети. Покрај од Македонија, ќе учествуваат и истакнати поети од Азербејџан, Франција, Индија, Куба, Ирак, Грција, Куба, Сирија, Мароко.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности