Се излеа Липковска Река, поплавени 100 хектари земјоделско земјиште

Од:

Oколку 100 хектари земјоделска површина, се поплавени во општина Липково кај селото Оризаре, поради излевање на Липковска Река, како последица на постојаните и силни врнежи од дожд, соопшти Подрачното одделение за заштита и спасување Куманово при Дирекцијата за заштита и спасување.

– Екипи на подрачното одделение на ДЗС Куманово се на терен и по согледување на ситуацијата ќе се одлучи какви мерки треба да се преземат за надминување на настанатата ситуација, стои во соопштението.

Воедно се додава дека сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување на територија на Република Македонија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски